Успешна година за винарската визба „Тиквеш“: Раст на добивката и оптимистички прогнози

838 Views Mарт 15, 2018 Вино Никола Осило

Во 2017 година винарската визба „Тиквеш“ АД Скопје оствари раст од 12 отсто на вкупните приходи односно зголемување за 152,5 милиони денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 7%) и од странските пазари (за 18%). Бруто добивката бележи раст од 11 отсто, односно зголемување за 55 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Зголемената бруто добивка и зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 22% резултираа со оперативна добивка од 225 милиони денари, односно зголемување за 42 отсто во споредба со 2016 година.

Финансиските расходи се намалени за 14 милиони денари. Остварена е нето добивка од редовното работење пред оданочување на износ од 179,9 милиони денари односно зголемување за 80,6 милионни денари“, соопшти компанијата.

Во 2017 година, компанијата има вложувања во материјални средства од 56 милиони денари.

„Значителен отпис (поголем од 30 отсто од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран.

Се оствари намалување на краткорочното кредитното задолжувања од 80 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

„Бруто приходите во 2018 година се предвидени на износ од 1.583.000.000 денари, што претставува зголемување од 10 отсто споредено со 2017 година. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар се планира да учествува со 44 отсто додека извозните пазари да учествуваат со 56 отсто.

За 2018 година нето добивката пред оданочување се естимира со зголемување од 5 отсто во споредба со претходната година, информираат од компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести