(ВИДЕО) Ветер од 100 километри на час во Охридско: Езерото „влезе“ во кафулињата

Силниот јужен ветар, кој на моменти достигнува брзина од околу 100 километри на час, предизвика проблеми во охридско, пренесува порталот Ohrid news.

Порталот пренесува дека во Пештани паднало дрво, што предизвикало застој во сообраќајот, а гранки од дрва паѓаат и во Охрид.

На социјалните мрежи пак се споделуваат видеа од водата од езерото, која буквално влезе во кафулињата покрај брегот.

Висината на водата во Охридското езеро како што информираа надлежните вчера е три сантиметри над дозволеното.

Фото: Ohrid news/Видео: ТВ 21/Фејсбук

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Брановите целосно го уништија „Мостот на желбите“ во Охрид

Мицковски: Не се прелева Езерото другари, нашите градби и узурпацијата се прелеваат во езерото

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.