Општина Карпош: Ние останува транспарентна, на потег е Уставниот суд

Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев во изминатиот период покажаа дека немаат намера да аминуваат криминал и незаконски дејствија во Општината. Ја користиме и оваа прилика уште еднаш да го повикаме Уставниот суд да се произнесе во врска со оспорените Детални урбанистички планови, регираат од Општината Карпош на соопштението на Коалицијата О2 за оспорените Детални урбанистички планови пред Уставниот суд.

“Во интерес на граѓаните и справување со урбанистичкиот хаос, Општина Карпош поднесе докази до Уставниот суд на поднесени иницијативи од страна на граѓани, за ДУП Градска четврт З 06, ДУП Градска четврт З 05 и ДУП Градска четврт З 04.

Како резултат на изнесени информации во јавноста во врска со иницијативите за Деталните урбанистички планови пред Уставен суд од граѓани, чувствуваме обврска да посочиме дека, иако поранешната раководителка на Секторот урбанизам при Општина Карпош одговорила несоодветно, Општина Карпош, водејќи се, пред се, од законитоста на постапките, а во интерес на граѓаните, веднаш, во првичните дописи од новото раководство до Уставниот суд, Општината ги потврдува аргументите на подносителите на иницијативите и истите ги дополнува со нови докази и аргументи за тоа каде е прекршена процедурата при носењето на „спорните“ Детални урбанистички планови.

Општинското раководство ниту калкулира ниту “купува време” за спорните ДУП-ови пред Уставниот суд, напротив, инсистираме Судот да се произнесе во рамки на законските рокови без притоа да вршиме инситуционални притисоци врз Судот.

Во контекст на тоа, штом Уставниот суд се обрати до Општина Карпош за дополнително изјаснување во врска со други Деталните урбанистички планови, Општината ќе одговори навремено, доставувајќи целосни и точни информации и докази.

Општина Карпош ја истражува постапката на носење и на други Детални урбанистички планови. Сите информации за пропусти во врска со процедурата на нивно донесување, ќе бидат доставени до надлежните институции.

Општината продолжува да ги штити интересите на граѓаните и да ги почитува позитивните законски прописи.

Што се однесува до транспарентното работење, исто така, во последно време, во ниту еден случај тоа не беше доведено во прашање.

Локалната самоуправа ќе продолжи да ја манифестира транспарентноста преку конкретни дејствија, преземените активности и соработката со засегнатите страни, а не преку празни флоскули, слогани, лажни ветувања или селектирани информации за собирање на „евтини“ поени„, стои во соопштението.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.