(Фото) Пролетта доаѓа полна со нови трендови од Springfield: Принтови, лесни материјали и многу боја

Springfield ja започнува сезоната со комплетно редизајнирана продавница во Skopje City Mall која се отвора во среда на 21.03.2018. Изгледот на продавницата ги следи најновите трендови во дизајнот на продажен простор и е вистински чекор напред во креирањето на уникатно шопинг искуство за секој купувач.

По повод отворањето на продавницата, купувачите ќе можат да уживаат во интересни акции и изненадувања, откривајќи ги најновите трендови за пролет/лето 2018.

ЦВЕТНА ЕКСПЛОЗИЈА

Најпрепознатливиот принт на Springfield – цветовите оваа сезона се аплицирани на лелеави фустани, кимоно наметки и блејзери кои заземаат централно место во колекцијата. Разновидните бои во оваа ботаничка инспирација се сместени на темно сина и бела основа. Дозволете ú на пролетта да дојде во вашиот плакар!

МИСТЕРИОЗНА ГРАДИНА

Цветните принтови се застапени и во оваа колекција – розова и жолта на црна позадина, аплицирани на фустани, здолништа и бомбер јакни кои одлично се комбинираат со црн тексас и едноставни блузи. Чевлите и додатоците го збогатуваат целосниот изглед внесувајќи разнобојност и разиграност.

ТРОПСКО САФАРИ

Сонце, палми и море – кој би можел да одолее? Тропските принтови во земјени бои се појавуваат на парчиња како што се комбинезони и фустани, кои пак во комбинација со тексас се совршен избор за релаксирана “afterwork” забава.

ЛЕЖЕРНА ФОРМАЛНОСТ

И оваа сезона, Springfield нуди опција за парчиња со доза на формалност кои во исто време ги следат актуелните трендови. Миди здолништа, мантили и широки панталони направени од превртена кожа и лен. Како и секогаш, формален стил со лежерна ДНК. 

МОРНАРСКИ СТИЛ

Морнарската инспирација оваа сезона е претставена како варијација која вклучува сина, кафена и жолта боја. Фармерките и панталоните во риги се главните елементи за релаксиран стил со рустични детали.

МОЌТА НА ПРИРОДАТА
Етно елементи и урбана атмосфера кои се претопуваат во комбинации, каде доминираат афро елементите и ботаничките принтови во палета од природни тонови  - боја на тутун, екру и крем заедно со темно сина и боја на цреша. Рустичните примеси се присутни и во оваа коелкција преку материјалите со текстура и ленените кошули. 

ЧИСТИ ЛИНИИ

Модерни линии препознатливи за Springfield. Оваа сезона носи нови комбинации со едноставни парчиња, кои одлично функционираат заедно  - кошули врз маички и маици во комбинација со формални панталони. Тука се појавуваат и првите бермуди за сезоната во пастелна портокалова и небесно сина боја.

ЗА SPRINGFIELD

Springfield е дел од Grupo Cortefiel,  водечка компанија во трговијата со облека, обувки и модни додатоци и има 804 продажни места во повеќе од 70 земји во светот. Во Македонија брендот е присутен од 2006 година со продавници во Скопје и Куманово.

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести