Двата најголеми акционери ги продадоа акциите: Зошто странците „бегаат“ од Комерцијална банка?

7933 Views Mарт 22, 2018 Бизнис Никола Осило

Во период помал од четири месеци двата најголеми странски акционери ги продадоа акциите од Комерцијална банка.

Во блок трансакција вчера беа истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари (околу 18,1 милиони евра).

„Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, соопшти банката.

Акциите ги купија Адора Инженеринг, Гранит АД Скопје, ИГМ-Трејд и Индустри Сервис ДОО Скопје.

Од друга страна, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) која беше акционер со квалификувано учество во банката, на 29.11.2017 година исто така го продаде својот удел од 5,245 отсто во вкупниот капитал на Банката.

Со овие продажби драстично се намали учеството на странскиот капитал во банката.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Комерцијална банка ја тресе берзата: Продадени уште 164.000 акции за десет милиони евра 

Шведски фонд заработи над пет милиони евра од продажба на акции од Комерцијална банка 

Продадени акции од Комерцијална банка за 18 милиони евра: „Адора Инженеринг“, „Гранит“, „ИГМ-Трејд“ и „Индустри Сервис“ се купувачите

Хари Костов купи 500 акции од Комерцијална банка

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 180 денари за акција

Два милиони евра бруто-плати за менаџерскиот тим на Комерцијална банка во 2017 година

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!