Саркози ги негира обвинувањата за тајно финансирање од Либија

Поранешниот француски претседател Никола Саркози им порача на судиите кои наредија полициска истрага против него, дека обвинувањата оти примал тајни финансиски средства од Либија за својата предизборна кампања во 2007 се лажни, а од неговиот живот направиле „пекол“.

- Тие обвинувања направија пекол од мојот живот од 11 март 2011 година, ја пренесува „Ла Фигаро“ изјавата на 63-годишниот Саркози.

Обвинителите ги разгледуваат наводите дека предизборниот штаб на Саркози во 2007 година примил финансиска помош во износ од милиони евра од покојниот лидиски претседател Муамер Гадафи.

„Ла Фигаро“ наведува дека Саркози тврди оти е жртва на дестабилизирачка кампања, покрената во март 2011 година, заснована врз обвинувања од Триполи.

Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, објавија француски медиуми, повикувајќи се на свои извори. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.