Комерцијална банка ја тресе берзата: Продадени уште 164.000 акции за десет милиони евра

1234 Views Mарт 22, 2018 Бизнис Никола Осило

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 22.03.2018 година во две блок трансакции беа истргувани вкупно 164.332 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 616.245.000 денари (околу 10 милиони евра).

На продажната страна на трансакциите се јавуваат странски инвестициски фондови и нивните клиенти, додека на куповната страна се јавуваат две физички лица и следните правни лица:

Макпетрол АД Скопје

Индустри Сервис ДОО Скопје

М.Г. Фешн ДОО Увоз-Извоз Скопје

ЛЕАН ДОО Скопје

ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Увоз-Извоз Скопје

ИНТ Трејд ДООЕЛ Кочани

"Дополнително, известуваме дека секој од купувачите поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката“, соопшти банката.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Двата најголеми акционери ги продадоа акциите: Зошто странците „бегаат“ од Комерцијална банка?

Шведски фонд заработи над пет милиони евра од продажба на акции од Комерцијална банка 

Продадени акции од Комерцијална банка за 18 милиони евра: „Адора Инженеринг“, „Гранит“, „ИГМ-Трејд“ и „Индустри Сервис“ се купувачите

Хари Костов купи 500 акции од Комерцијална банка

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 180 денари за акција

Два милиони евра бруто-плати за менаџерскиот тим на Комерцијална банка во 2017 година

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!