(ВИДЕО) Во скопско Пржино се излизга пат, жителите стравуваат за својата безбедност

Во скопско Пржино поради градилиште за нова зграда, се излизга дел од улицата Пандо Кљашев, објави А1Он.

Асфалтот сосе лимените тараби за градилиштето и старите потпорни ѕидови се одронил утринава.

Жителите од околните куќи стравуваат за својата безбедност.

Извор/фото/видео: А1Он

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.