Забрана за тешки возила на Пресека, Стража и патот од Кичево до Дебар

На неколку патни правци попладнево е воведена забрана за движење за тешки товарни возила. 

Од 18:45 часот забрана е воведена на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, а од 18:15 часот на патниот правец Кичево-Дебар.

Камиони не може да се движат и на планинскиот превој Стража од 18:10 часот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.