Симовски: Попис на населението во 2020 година, не е потребна графа за етничка припадност

Пописот на населението се планира да се одржи во 2020 година и ќе се користи комбиниран метод што подразбира истовремено спроведување на терен преку интервју лице в лице и користење податоци од базите на податоци кои веќе постојат во државата.

Ова го вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за БИРН.

Тој тврди дека нема да прифати никакви притисоци, особено не политички, бидејќи смета дека пописот не треба да даде слика само за етничката состојба во една држава, туку опфаќа многу сегменти од кои можат да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество.

- Во 2019 година ќе имаме претседателски, а во 2021 година парламентарни избори, па решивме дека најдобро е пописот да се спроведе во 2020 година, кога нема да има поголеми политички турбуленции, истакнува Симовски, додавајќи дека во 2019 година би се спровел пробен попис на мали територијални делови од државата, со цел да се тестира како би течел процесот.

Пописот би чинел 8,5 милиони евра и според првиот човек на Државниот завод за статистика полето за „етничка припадност“ воопшто и не треба да биде дел од пописниот материјал, како што е случајот во многу други држави.

Целото интервју на БИРН може да го прочитате ТУКА.

Фото: БИРН

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.