Просечната плата во јануари 24.025 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Растот се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (37.3 %), Рударство и вадење на камен (20.3 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (12.5 %). 

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (31.4 %), Рударство и вадење на камен (10.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.3 %). 

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јануари 2018 изнесува 35.225 денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.