Минималната плата го дигна просекот: Кои работници се најниско платени во Македонија

Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето плата во декември минатата година изнесува 24.025 денари или околу 390 евра, што е највисока исплатена посечна месечна плата.

Просечната плата расте во континуитет последните неколку месеци, пред се како резултат на Законот за минимална плата, според кој сите компании се задолжени да исплаќаат минимална плата не помала од 12.000 денари.

Сепак има многу категории кои земаат двојно пониска плата од просечната во земјата.

Ова се топ 5 професии во Македонија кои земаат најниски плати според податоците од Државниот завод за статистика:

1. Производство на кожа 13.735 денари

2. Заштитни истражни дејности  13.736 денари

3. Производство на мебел 14.883 денари

4. Рибарство и аквакултура 14.519 денари

5. Производство на облека 15.028 денари.

Фото: smallbusinesspulse.com

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Спортистите и забавњаците со плати до плафон: Кои се најплатени професии во Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.