Каков имот пријавил градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу

еМагазин продолжува со серијалот во кој ќе Ви пренесеме каков имот до Државната комисија за спречување на корупција поднеле дел од новите градоначалници. Некои од анкетните листови за прв пат се објавуваат во јавноста.

Овој пат Ви пренесуваме каков имот пријавил градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу.

На страната на ДКСК, може да се најде неговиот анкетен лист, поднесен кога стана заменик министер за образование и наука.



На свое име пријавил стан од 86 метри квадратни во Скопје, за кој нема проценка колку вреди и возило Фолксфаген голф, проценето на 615 илјади денари.

На име на брачниот другар пријавил уште едно возило, Рено клио и плата, а на свое име плата од 50 илјади денари и кредит, за кој нема податоци дали го исплатил.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Општина Чаир

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Три стана, куќа во Грција: Каков имот пријавил градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев

Каков имот пријавил градоначалникот на Велес, Аце Коцевски

Нема ни автомобил, ни куќа на свое име: Каков имот пријавил градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев

Каков имот пријавил градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко: Куќа во Струга, стан во Драч

Каков имот пријавил градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

Има само автомобил: Каков имот пријавила Наташа Петровска, градоначалник на Битола

Каков имот пријавил Златко Марин, градоначалникот на скопската општина Аеродром

Каков имот пријавил градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски

Најбогатиот градоначалник: Каков имот пријавил „таткото“ на Кавадарци, Митко Јанчев

Каков имот пријавил градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.