Граѓаните на Валандово денеска ќе слават, бидејќи успеаја да се изборат за затворање на Казандол

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денеска ќе организира прослава во паркот „Пеонија” – Валандово со почеток од 19.30 часот, поради тоа што успеаја да издејствуваат затворање на Казандол.

„Ви ја честитаме победата против рудниците на смртта.Борбата беше тешка но на крај успеавме да го зачуваме Валандово. Ја славиме оваа одлука но и напоменуваме дека продолжуваме да се бориме Македонскиот Југоисток да остане дом на здравата храна, вода, воздух и да стане национален и меѓународен пример за достоинствен живот преку локален одржлив развој во кој граѓаните и компаниите се интегрален дел од донесувањето на релевантните политики“, се вели на нивната фејсбук-страница, каде што е објавена поканата за настанот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.