(Фото) Пет имиња за старт на моден викенд пролет-лето 2018

Модниот викенд за сезоната пролет-лето 2018 го отвори заедничката ревија на Роберт Ивановски поддржан од „Arthurs“ и дизајнерката Евгенија Зафировска вчеравечер во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.

Дизајнерот Роберт Ивановски за својата најнова колекција „The garden of earthly delights“ вели дека е инспирирана од познатото дело "Градината на земните задоволства" на Хиеронимус Бош од 16 век, кое сега е сместено во музејот „Прадо“ во Мадрид.

„Тоа е модерна, урбана колекција со отпечатоци од сликата во комбинација со црна ткаенина.“, додава Ивановски.

За колекцијата „Архитектура во движење“, Евгенија Зафировска ќе рече „Веќе некое време су импресионирана од архитектурата и мојата инспирација за оваа колекција е Кензо Танге, јапонски архитект кој го обнови мојот роден град Скопје.

Преку изработка на колекцијата се приближив до најблиската врска помеѓу архитектурата и модата, создавајќи 3D-структури и простор за телото, а во исто време овозможувајќи неограничено движење. Резултатот е современа уникатна колекција, препознатлива и уникатна, базирана на корисни, иновативни рачни техники и материјали.“

Вечерта продолжи со авангардната колекција на „КALI ROSE by Katarina Luka“ надополнета со аксесоари.

„Стилот на оваа колекција вроди со многу инспирации од популарната постапокалиптичка фикција и мојата главна инспирација е филмот „MadMax“. Во овие 25 женски и машки комбинации претежно се појавува црната боја со многу кожни моменти, комбинирани со накит во сличен алтернативен стил.", вели Катарина Лука.

Своите креации ги претстави и Зана Алиу која стои зад „Zana Aliu showroom“ и колекцијата „Red&The spectrum“.

„Ќе има прашање зошто во мојата колекција доминира црвената боја кога и таа е дел од спектарот на бои. Одговорот е претставување на мојот личен карактер, јас се сметам за феминистка а сето ова е испреплетено со тоа дека се е сработено со трпение, енергија, посветеност кои се карактеристики на самата црвена боја која асоцира на желба, страст, лубов и на целата моја колекција и дава еден интензитет, динамика и женственост. Преку мојата колекција патуваме низ животот секогаш со убави тонови, тоа е мојот одговор за квалитетно живеење.“ обајснува Алиу.

За крај на првата вечер од седумнаесеттиот моден викенд Скопје се случи ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција “Macedonian beauty”. Станува збор за креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови.

„Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“ со којашто на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“, вели тимот кој стои зад брендот „Fingerprint“.

Крајот на првата ревијална вечер продолжи со забава на истата локација со диџеј Славе. За време на тридневниот настан ќе бидат изложени девет креации на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет кои веќе беа прикажани во Францускиот институт во Скопје .

Студентите работат на тема инспирирана од француската кинематографија, под менторство на Лидија Георгиева - професор и дизајнер. Најновата колекција на луксузниот македонски бренд „DIAS“ специјализиран за производи од кожа: Чевли, чанти, торби за патување и останати кожни додатоци, ќе биде достапна за посетителите во текот на целиот настан.

Официјално возило оваа сезона е „Lexus.Experience Amaizing“. На настанот ќе го промовираат
возилото од последната генерација на „Lexus LS 500h“ кое по завршувањето на настанот пет дена
ќе биде достапно за тест возење.

Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „LAKME“ во соработка со студио
„Lili“. Мејк ап партнер АВОН во соработка со Зоран Шурбевски. Дерма-бјути партнер на сезоната
се „Vichy“. Моделите ги носат чевлите од „Lusido“. Официјален парфем оваа сезона е црвениот BU Passion – „Секој момент живеј го со страст. Празнувај го животот!“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.