Драстичен раст на добивката на „Тиквеш“

815 Views Април 2, 2018 Вино Никола Осило

Во 2017 година винарската визба Тиквеш АД Скопје оствари раст на вкупните консолидирани приходи од 11% односно зголемување за 160 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 8%) и од странските пазари (за 15%). Бруто добивката бележи раст од 10%, односно зголемување за 62 милилиони денари.

„Зголемената бруто добивка и зголемените оперативни расходи за 12% резултираа со оперативна добивка од 210 милилиони денари, односно зголемување за 45% во споредба со 2016 година.

Финансиските расходи се намалени за 17 милилиони денари. Остварена е консолидирана нето добивка од редовното работење пред оданочување на износ од 169 милилиони денари односно зголемување за 85 милилиони денари“, информираат од компанијата.

Фото: Тиквеш

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!