(Видео) Виртуозната гитаристка Јаси Хофер во Скопје

Во четврток на 5 април, во МКЦ ресторанот, со почеток во 21 часот, во организација на 3Гонга ќе настапи Јаси Хофер, 25 годишната виртуозна гитаристка од Германија, која ќе го промовира својот нов албум „Faith“. Настапот во Скопје е дел од нејзината голема европска турнеја. 

Нејзин прв инструмент била виолината, но на 12 години одлучува дека електричната гитара  е инструментот што таа сака да го освои. Само неколку месеци откако почнала да зема часови по гитара нејзиниот професор ја запознава со легендарниот гитарист Steve Vai.

Сосема нов свет се отвора за Хофер. Инспирирана од својот нов и единствен идол таа почнува да ги свири, вежбајќи ги неговите песни и по 10 часови на ден. Нејзините музички обиди таа јавно ги објавува на ју тјуб и тоа и донесува милиони кликови и импресии и секако вниманието на самиот Steve Vai. Во 2007 година, Steve јa поканува Yasi да настапи со него на сцена во нејзиниот роден град Улм да ја отсвират заедно неговата песна „Answers“.

Таа доживува голем успех со ова појавување и веднаш потоа добива покана од дискографска куќа да го сними нејзиниот прв ЕП. Таа го напушта училиштето и добива шанса да студира музика во Штутгард. По само 3 семестри добива стипенија за го продолжи своето школување на прочуениот Беркли колеџ за музика во Бостон. По нејзината наобразба се враќа во Германија и го издава нејзиниот дебитантски албум со наслов „Yasi“ во 2014 година. 

Денес таа патува низ светот и ја промовира својата музика со нејзиниот бенд делејќи ја сцената со музички артисти како UFO, Chris Thompson, Steve Vai, Savoy Brown, Hellmut Hattler, Gil Ofarim and Neil Young.
Во 2016 година таа го финишираше својот нов албум „Faith“ и во моментов е на европска турнеја.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.