За време на официјалната дводневна посета на словенечката делегација предводена од премиерот Миро Церар, тој најде време да се сретне и со музичарот Влатко Стефановски, кој е еден од најпознатите гитаристи на поранешните југословенски простори.
Стефановски му го подари новиот албум „Мајчин јазик“, а средбата ја организираше премиерот Зоран Заев кој беше домаќин.
Македонската и словечеката делегација средбата со Заев ја остварија во ресторанот „Пелистер“.
Фото: Фејсбук профил на Зоран Заев