„Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

И оваа година, близу еден месец пред крајниот законски рок, Винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплата на средствата за откупеното грозје од последната берба.

Заклучно со 5-ти април, исплатени се средствата на лозарите и постигната е средна цена од над 16 денари и максимална цена од над 22 денари за килограм квалитетно грозје. 

„Редовната исплата, како и постигнатите цени за килограм грозје кои се поголеми од препорачаните цени заради високиот квалитет на грозјето, се најдобар показател за стратешкиот пристап што го има „Тиквеш“ во градењето на партнерскиот однос со лозарите што е предуслов за производство на вина со врвен квалитет кои ќе бидат конкурентни на светски вински пазари“, вели генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Долгорочната соработка на „Тиквеш“ со лозарите, физички и правни лица, се остварува преку континуирана едукација и поддршка при примената на современи агро - технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади. На лозарите кои ги почитуваат ваквите стручни совети и упатства „Тиквеш“ им го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и им обезбедува дополнителен бонус при исплатата на грозјето.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести