Богов: Ако Охридска банка се продава, идните акционери треба да се на исто ниво на квалитет

Гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов не сакаше да ја коментира продажбата на Охрдиска банка од страна на глобалната групација „Сосиете женерал“. 

Според него тоа е ценовно чувствителна информација, но НБРМ која го има крајниот збор во продажбата ќе внимава квалитетот на акционерите да биде на исто ниво. 

– Банкарскиот сектор е стабилен, довербата е на високо ниво. Доколку дојде до промена на акционерската структура на банката, новата треба да биде квалитетна на исто ниво како и претходната. НБРМ го има последниот збор за крајниот купувач и ќе внимава на тоа – додава Богов.

фото: НБРМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Бугарски Капитал: Сосиете женерал ја продава Охридска банка во Македонија

Во милионска трансакција продадени акции од Охридска банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.