(Фото) „еМагазин“ во Израел: Ве носиме каде што Исус Христос ги поминал последните денови на земјата

Автор и фото: Александра Марковска

Да се раскаже Израел е тешка задача, да се почувствува Израел е премногу едноставно, таму се’зрачи со јака и посебна енергија. Израел преку слики и зборови, може да биде големо искуство за секое сетило.

Центарот на светот е точно во Израел, на меѓата меѓу Европскиот, Азискиот и Африканскиот Континент.Токму таму е сместена „Светата Земја“.Секогаш мислев дека името „Света Земја“, го има добиено поради настаните поврзани за религиите, чии копја секогаш се кршат токму тука, на израелската територија.

Но, приказните директно од светата земја,кажуваат нешто друго.Светата земја, го добила своето име,затоа што Бог се погрижил таму да растат овошја и зеленчуци, кои давале плодови (храна) за тамошните жители, сами од себе. На тој начин, тамошните луѓе мислеле дека Бог ги сака премногу, се грижи за нив, им дава храна и затоа тие се свети, а земјата на која растат тие растенија е света.





Тие свети растенија, се денеска добро познатите, маслинки, урми, грозје, калинки, смокви, пченица и пченката.Овие култури и денеска се дел од совремниот Израел, но секако дека сега денеска огледувањето е во рацете на земјоделците.По некоја случајност, сегашната наука токму тие растенија ги декларира како здрави и корисни за конзумирање.



ГАЛИЛЕЈА

Првото место кое го посетивме е добро познатата Галилеја, пределот за кој тврдат дека го има задржано скоро истиот пејзаж од времето кога таму проповедал токму тој, пророкот Исус. Галилеја, е место кое ве смирува комплетно.Не дозволува ниту една негативна емоција да вe обземе.

Ве обзема смиреност и желба да комуницирате со цела таа недопрена природаи тогаш во едно нешто сте сигурни,се наоѓате на свето место.



Галилејската земја е позната како место од каде што Исус ги почнал своите проповеди, место каде го направил чудото со рибите, со виното, со лечењето на болнитеи, место каде се наоѓал неговиот кабинет.

Галилеја е исто така позната по малите селца, од кои од едното од нив е родното место на Марија Магдалена.Таму се наоѓа и Назарет, местото од каде што потекнуваат родителите на Исус, и местото каде Ангелот Гаврил ја известил Дева Марија дека ќе забремени од Светиот Дух. Кана галилејска е местото каде што се случило чудото на свадбата во Кана галилејска, кога Исус ја претворил водата во вино.


 



Во Галилеја, едно од најистакнатите места е Капернаум, каде што живеел Свети Петар и останатите рибари. Ова место е познато по чудата кои Исус ги покажал, лечејки многу болни луѓе. Во тоа време се сметало како, министерство на Исус.Место каде што тој се криел од властите, место каде што се чувствувал свој на своето.

Има предание дека Галилејското море секогаш го следело емоциите на Исус, кога бил смирен морето било смирено, кога имал разбранувани емоции, Галилејското Море се бранувало.На местото каде што се наоѓала куќата на Свети Петар,се наоѓа сега Католичка црква, од каде се гледаат остатоците од старата куќа на Свети Петар.Во денешно време, Галијеското Море е еден од најбитните извор на вода за целиот Израел.



На територијата на Галилеја, има доста мали и поголеми цркви, кои се направени од  архитектот Антонио Барлуци.Во архитектурата на градбите успеал многу автентично да ги отслика настаните кои се случиле, во времето на Исус.На моменти, се осекаш како да си дел од настан, фасцинатно, градби кои со децении ја раскажуваат истата приказна.



Во Галилеја расте едно дрво, за кое се смета дека е дрвото на кое се обесил Јуда, откако го предал Исус.Цветовите имаат црвена боја односно розева, од срам за делото што го направил.Ретко кој ја напушта Галилеја, без да ја проба рибата на Свети Петар. Необично вкусно...

КИБУЦИ

Низ целиот Израел, се наоѓаат посебни заедници, наречени Кибуци, кои имаат сопствена територијаи свој уникатен начин на живот,кој многу потсетувана поранешна Југославија, но секако во помал размер. Главниот производ, како што ни беше објаснето, се децата.

За да бидете член на Кибуцот, потребно е да сте религиозен Евреин, да сакате да живеете во заедница, и да сакате многу да работите.Организирани се со заедничка кујна, заедничка перална, заедничка градинка.Секој во Кибуцот, си ја знае својата работна задача, која ќе мора да извршува доста одговорно. Во рамките на Кибуцот, Лави, се наоѓа и хотел во кој ние престојувавме и тој е сопственост на 169 фамилии.

Хотелот е извор на приходи кои ги остваруваат.Исто така се занимаваат и со производство на дрвени предмети за поголемите синагоги во светот.



Секој кој сака да излезе, секако му е дозволено, со тоа што му се исплаќа одредена сума на пари, како благодарност за работата која ја вршеле додека биле во кибуцот.

Верата е една од најголемите двигатели на секој Кибуц, па така во рамките на Кибуцот има и синагога, голема библиотека во која секојдевно учат и посебна просторија во која се чува житије за секој починат член од Кибуцот. Начинот како се грижат за да ја сочуваат секој информација за секој член на Кибуцот во житијата, е навистина нешто што плени и што покажува голема грижа за идните поколенија.



Во рамките на овој Кибуц има одреден мозаик, кој ги покажува 12 први фамилии, од кои се смета дека понатаму настанала човековата раса.Водичот од Кибуцот ни објаснуваше дека е можно денешните Евреи да имаат податоци, со кои ќе можат точно да одредат од која фамилија потекнуваат.

Галилеја е место каде духовното смирение преовладува, каде се чувствува светоста на исусoвите стапки.



РЕКАТА ЈОРДАН

Крштевањето во реката Јордан е момент кој не смеете да го пропуштите.Точното место на кое е крстен  Исус Христосне е точно познато, но овој дел се смета како место со најголема веројатност, дека се случило крштевањето.

Самиот чин значи прифаќање на се она што Исус го проповедал и прифаќање на неговата мисија на земјата, роден за да воскресне и со себе да ги преземе гревовите на човечкиот род.

Природата е прекрасна и невообичаено смирувачка. Ова е единственото место каде што успеавме да видиме нешто што е на македонски напишано, подарок од гевгелиска фамилија.



ВИТЛЕЕМ

Во срцето на Палестина, се наоѓа едно од можеби најсветите места на ова земјина топка, црквата на раѓањето на Исус Христос. На истиот плоштад се наоѓа и џамија и се случува во исто време да се слуша молитва од џамијата и чукање на камбаните од црквата. Овие два звука, на овој познат плоштад во Витлеем, даваат невидена хармонија, што само по себе е чудо на денешницата.

Црквата на раѓањето на Исус во моментов е во фаза на реставрирање и е под надзор на три патријархии, Грчката, Ерменската и Калотичка.



На ова место се молат и доаѓаат различни групи на луѓекои припаѓаат на различни религии.Зачудувачки е фактот дека на ова свето место, припадниците на муслиманската вероисповест покажуваат голема почит спрема Исус, кој го сметаат како битна фигура во нивната религија.

Ова место има енергија и смиреност, која ти дава сила да издржиш со часови стоење само за да се поклониш на местото каде што Исус е роден. Искуството од таа посета е тешко да се искаже со зборови, потребно е да се почувствува.

На неколку чекори погоре, во срцето на Витлеем, се наоѓа црквата која е подигната на местото каде што Дева Марија за првпат го надоила Исус. Според преданијата, на тоа место паднала капка млеко на карпата. Таа капка, е причина зошто карпата станала бела. Сега на тоа место, се наоѓа преубава црква, поставени се икони, кои се уникатни и се карактеристични само за ова црква.Ова место ја содржи во себе и убавата и уникатна мајчина енергија, на која ретко кој може да биде имун.

Енергија која се запишува длабоко во нас, енергија која полека но сигурно те менува, и сфаќаш дека полека не си истиот човек.



ЅИДОТ НА ПОДЕЛБА

Ова свето место е само неколку километри од едно од „најгадните“ градби во човековата понова историја, а тоа е ѕидот на поделбата што го дели Ерусалим на Источен и Западен.

Искрено се надевам дека набрзо ќе го снема...

ПРИКАЗНАТА НА АМРО...

Овој ѕид покрај тоа што е физичка поделба помеѓу двата дела на Ерусалим, прави огромни поделби и во обичниот живот на мештаните.Имавме прилика да запознаеме младо момче кое е од палестинскиот дел и кое е во љубов со Арапка која има израелско потекло.Набрзо нивната љубов треба да ја крунисаат со брак, но поради тоа што живеаат од двете страни на ѕидот, можат да се гледаат само три дена во неделата. Доколку момчето сака да добие израелско државјанство, мора да наполни прво 35 години, а сега има 23.Доколку добие израелско државјанство, веќе никогаш нема да може да влезе во палестинска територија и да ги види своите роднини.И покрај сите тие пречки, тие сепак решаваат да бидат заедно.

ЕРУСАЛИМ

Да се биде во Израел и да не се посети Ерусалим е недозволиво.

Ерусалим е светото јадро на трите најголеми религии,центарот на светот, местото каде може да се сретнат локации на кои во исто време има остатоци од црква која е изградена и срушена, па на истото место синагога изградена па срушена, па изградена џамија.Место кое е свето и за Христијаните, и за Евреите и за Муслиманите.Местото каде што е создадено се што е свето, но во исто време рушено се што било свето и повторно е се градено.

Градот е единственото место каде што се најблиску овие три религии, но и место каде што се и најмногу поделени.Тоа се гледа во организацијата на стариот град на Ерусалим кој е поделен на четири дела, христијански, муслимански, еврејски и ерменски.Ерменците се сметаат како најстарата христијанска нација, затоа што биле први кои го примиле христијанството.

Ова место е по многу нешта поврзано со Исуси неговите последни денови, местото на исусовата голгота.Главната фигура на оваа слика е Ал акса Џамијата, свето место за Муслиманите.

Според преданијата, Христијаните го чекаат повторното појавување на Исус, Муслиманите го чекаат појавувањето на зелениот конец кој треба да ја поврзе Ал акса со Маслиновата Гора, а Евреите чекаат да се појави како што тие викаат вистинскиот месаја, но незнаат како точно треба да изгледа.

Маслиновата Гора во која веќе Исус знае дека ќе биде предаден, неговите молитви се отсликани во црквата на Агонија,во која целиот амбиент ја покажува емотивната страна на Исус, во моментите кога знаел дека ќе биде предаден.

Просторијата на Тајната вечера е сместена во еврејскиот дел од Ерусалими во неа историјата напишала неколку различни приказни.Постојат остатоци од различните настани.

Во близина на црквата на Агонија, се наоѓа и црквата каде се смета дека се погребани родителите на Исус. Интересен феномен е што е невозможно да се сликаат слики, едноставно не излегуваат.

Најинтересно место за секој Христијанин е секако, гробот на Исус Христос. Место кое е премногу значајно за секој од нас. Она што е интересно е дека црквата каде што се наоѓа гробот на Исус е приватна сопственост на стара арапска фамилија  и клучот од гробот на Исус, со децении и децении припаѓа во рацете на избраните луѓе од таа арапска фамилија.

Местото каде Исус е распнат е исто така дел од ова црква и е поставено точно над местото каде е гробот на Адам. Крвта помешана со вино која капела од телотона Исус, протекла низ гробот на Адам.Од таму е симболиката дека Исус со неговото воскреснување, всушност ја измил целата вина на човечкиот род.

Наредниот чекор,после распнувањето е познатиот еврејски обред кој го прават Евреите, а тоа е премачкуваење на телото со масло.Плочата на која е извршен тој обред на Исус, е местото кое во црквата пулсира со најголема енергија и те тера да се вратиш неколку пати, да се помолиш, иако можеби си човек кој досега незнаел што е молитва.Мирисот кој се шири од тоа место, е способен да ги отвори и најтемните и најдалечните дамари во душата на секој човек.

Последната дестинација во ова црква е секако гробот на Исус, кој е посебно заштитен и е место каде се создава најголемата гужва и најголемиот немир кога чекаш да влезеш, и да го посетиш најсветото место за секој Христијанин. Но секогаш очекувањата не се исполнуваат. Редицата е голема, свештениците  сакајќи да обезбедат сите верници да поминат, едноставно ја убрзуваат посетата и се е некако брзо.

Откако го посетив гробот на Исус, првото нешто што го почувствував е дека тешко ми е да го поврзам местото кое го посетив со гробот на Исус.Според моето верување и според самата историја, Исус не може да има гроб, па тој е човекот кој воскресна.Но, навистина плени отворот над гробот на Исус, кое дејствува како вистинско сонцеи дава чувство на посебност.

Покрај религиозната приказна која го одбележа ова патување, неизоставен дел е и музејот на Холокаустот кој зборува за една страшна вистина, за една застрашувачка историја, која искрено се надевам нема да се повтори.

Музејот е посебна приказнаи е еден од најуникатните музеи кои целосно ја доловуваат сликата на ужасите кои се случиле во минатиот век.Направена е посебна библиотека со испишани житијаза речиси сите жртви од Холокаусот, што е зачудувачки.Посебен трогателен е делот од музејот кој е посветен на децата жртви на Холокаустот, во кој има запалено толку светилки колку што деца биле убиени.Потресно и величестевено во исто време.Величествено, затоа што не ги заборавиле и споменот за нив е сеуште жив, секој од нив има свое место во музејот.

Овие работи, Евреите ги прават уникатни во однос на она што им се случило и уникатни во однос на тоа како се однесуваат спрема својата историја.Мислам дека многу од домашните и светските политичари би требало да одат на обука во Израел од минимум три години, за да видат како тоа се чува историја, како се почитува, како се запишува, како се чува и почитува народното богатство.Болката е можеби најакото оружје во рацете на Евреите, која ги направило да бидат она што се денеска.

ЅИДОТ НА ПЛАЧОТ

Ѕидот на плачот е свето место за Евреите. Тоа е еден од ѕидовите на вториот храм на Еврите кој бил срушен во дамнешно историско време. Местото каде Евреите секојдневно се молат место каде жените и мажите одвоено се молат, месото каде според Евреите се случиле најголемите настани кои го одбележале човештвото.Тоа е местото каде се наоѓа каменот од кој е основан светот, раѓањето на првиот човек Адам,местото каде Аврам му служел на Бог, проповедањето на Исус,првиот и вториот храм на Евреите.

МРТВО МОРЕ

Уште една специфика, која го издвојува Израел од другиот дел од светот е најниската точка на земјината топка, а тоа е Мртвото Море, кое се наоѓа на -473 метри под она што се смета како нулта точка. Во тој дел кој е пустински,функционира перфектно фабриката за производство на козметички производи. Секој кој малку има познавање од тоа што се е потребно за една фабрика да стартува и да може да функционира, ќе сфати колку чуда имаат направено Евреите, кои  денеска овозможиле непрекинато производство на една од најквалитетните линии на козметички производи.

Мртвото Море е најсоленото и најмрсното море во исто време, кое има позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.Она што веднаш се чувствува како здравствен бенефите исфралњето на вишокот течност од телото,што во превод би значело исфрлање на насобрани токсини.

Во близина на Мртвото Моресе наоѓа едно од најбитните места за светските религии, местото каде се најдени пергаментите кои биле преведувани и од кои е напишан Стариот Завет.

Ја завршивме посетата на светата земја, со прекрасниот ден поминат на Мртвото Море, и секако највозбудлиот дел е проверката од страна на израелските служби, пред да го напуштиме Израел, прашањата од типот кој ви го спакува куферот, дали некој ви дал поклон, зашто знаете може да биде и ескплозив. Навистина се груби, но ниту во еден момент не можат да ја нарушат светоста на тоа парче земјаи чувството на исполнетост што успеа таа земја да го разбуди во нас.

Две лица од тоа парче земја ја одбележаа светската историја. Едниот секако е Исус кој дваесет и еден век е будното око на светската духовност.Вториот е Ајнштанј, кој е еден од најголемите умови во светската историја.

Овие двајца се една од причините зошто и овде се наоѓа центарот на светот.

Од центарот на светот, утврдени се растојанијата до поголемите светски дестинации.Се е многу блиску, вреди да се посети.

Дефинитивно, Израел е се она што никогаш не сте го очекувале, нешто што ќе ве допре најсилно, што ќе ве промени неосетно, но многу суштинско.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести