Афера „Кембриџ аналитика“: Вработени во „Фејсбук“ се соочуваат со затворска казна од 12 години

1443 Views Април 6, 2018 Техно Никола Осило

Индонезиските власти соопштија дека започнале истрага против Фејсбук во врска со нарушување на приватноста на корисниците на таа социјална мрежа во Индонезија, додавајќи дека доколку бидат прогласени за виновни, на претставниците на Фејсбук во земјата им се заканува до 12 години зтвор и парична казна од 871.000 долари.

Индонезиското Министерство за комуникации и информациски технологии денеска соопшти дека побарало од Националната полиција да ги истражи евентуалните кршења на законот за лични податоци, еден ден откако Фејсбук објави дека е можно повеќе од еден милион жители на таа држава да биле „жртви“ на неовластеното делување на фирмата за консултантски услуги во политика „Кембриџ аналитика“.

Министерството синоќа ги повика на разговор претставниците на Фејсбук во Индонезија и побара од нив социјалната мрежа да ги прекине апликациите кои и овозможуваат на трета страна да добие приватни податоци од корисниците.

Индонезија е четврта држава во светот по бројот на корисници на Фејсбук, каде активни профили имаат 115 милиони жители или 97 отсто граѓани кои имаат мобилни телефони.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!