(ФОТО) Вила Минами во Коњско: Поглед што го одзема здивот

На 1.100 метри надморска височина во прегратките на националниот парк Галичица во селото Коњско се наоѓа гостинската куќа Вила Минами.
 

Вилата која што од центарот на Охрид е одалечена околу 11 километри и само 3 километри од најблиската плажа е место за вистинско уживање.

Погледот го одзема здивот. Во недоглед се гледа прекрасното сино Охридско езеро.
 

Неможете да се изнадишете од чистиот воздуx и свежина која ја дава миксот на планината и езерото.
 

 

Но освен погледот и местоположбата, дополнителен шарм на местото му дава традиционалната кујна која што се служи тука.

Во Вила Минами можете да вкусите се од традиционалната домашна кујна и да се напиете чаша добро домашно вино, ракија или сок.



Вила Минами располага со три соби, со дупли кревети и сите три се со поглед на езеро и планината, голема дневна соба со традиционален ентериер. 



Во близина на вилата се наоѓа црква изградена во 1920 година, место каде што можете да го најдете својот мир и да ги направите вашите прекрасни форографии.



Цените за сместувањето се достапни за сечиј џеб, а истото се однесува и за храната.

Фото: Фејсбук/Вила Минами

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.