Гласање за доверба: Кога може да падне Владата?

Според најавите утре на седница на Собранието треба да се најде и интерпелацијата за доверба на Владата, која веќе е пристигната во Парламентот.

За да и биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од вкупниот број на пратеници или најмалку 61 глас.

Коалицијата „За подобра Македонија„, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ја поднесе интерпелацијата сега има само 45 пратеници.

ШТО ВЕЛИ УСТАВОТ?

Оваа прашање е регулирано со Уставот на Република во неколку члена:

Член 92

Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието.

Собранието може да изгласа недоверба на Владата.

Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници.

Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.

Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.

Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.

Член 93

Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.

Владата има право да поднесе оставка.

Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.

На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.

Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.

Член 94

Член на Владата има право да поднесе оставка.

Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата.

За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.

Доколку претседателот на Владата предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Пратениците утре ќе расправаат за доверба на Владата

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.