Адидас ќе затвора продавница, ќе продава онлајн

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ очекува затворање на физичките продавници во текот на следните години во рамки на пренасочување кон интернет продажба, соопшти извршниот директор Каспер Рорстед за „Фајненшл тајмс“.

- Со тек на време ќе имаме помалку продавници, но ќе бидат подобри, рече Рорстед.

Во моментов „Адидас“ има 2.500 продавници ширум светот и уште 13 илјади франшизни продавници во кои се продава само тој бренд.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.