„Машинците“ Анѓушев и Мицкоски колеги на факултетот, лути ривали во политиката

1319 Views Април 10, 2018 Наша тема Никола Осило

Во Македонија многу често на високи политички функции доаѓале луѓе од правните и општествените науки, а многу поретко лица со високо образование од техничките науки.

Можеби прв пат во политичкиот живот на Македонија на две значајни позиции какви што се лидерското место на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиерското место во Владата се наоѓаат лица кои се професори на Машинскиот факулет во Скопје.

Вицепремиерот за економски прашања во Владата, Кочо Анѓушев е редовен професор. Тој е дипломиран инженер на Машински факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје Македонија од 1992 година. 

Во 1995 година се стекнува со звање магистер по машинство на Машински факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје Македонија, а во 1998 - доктор на техничи науки при Машински факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје Македонија.

Анѓушев и дел од работната кариера ја поминал на овој факултет. Од 1993 до 1996 година е стручен соработник, од 1996-1998 година, а во 1998 година станува доцент на Машински факултет во Скопје.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски е вонреден професор на Машинскиот факултет. Тој исто така е дипломиран машински инженер при Машински факултет – Скопје.

Во 2003 година се стекнува со звање магистер на технички науки – машинство при Машински факултет – Скопје, а во 2009 година - доктор по технички науки-машинство при Машински факултет - Скопје.

Во периодот од 2002 - 2004 година е помлад асистент на овој факултет, а од 2004 година, асистент.

Фото: Машински факултет/teletime.com.br

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!