Во март поскапеле овошјето и лебот, а поевтиниле оризот и апетисаните

Трошоците на животот во март 2018 година, во однос на претходниот месец биле непроменети, додека цените на мало се намалиле за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 %, житата за 1,6 %, замрзнатото овошје за 1,2 %, компирот за 0,9 %, млекото за 0,8 %, сирењето и урдата за 0,5 %, другите пекарски производи за 0,3 % и
трбушките за 0,2 %.

Во март 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 3,3 %, предметите за лична хигиена и здравје за 1,2 %, услугите за лична хигиена за 1,1 %, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 0.9%, обувките за 0,7 %, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,6 %, големите електрични апарати, услугите за култура за 0,5 %, облеката, материјалите за одржување и поправки на станот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, велосипедите за 0,4 %, 

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај оризот за 1,5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1 %, другите прехранбени производи за 0,9 %, месото за 0,7 %, јајцата за 0,6 %, рибата и морските плодови, јогуртот за 0,5 %, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 3,7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,2 %, болничките услуги за 3,1 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7 %, книгите за 2,6 %, гасот за домаќинствата за 2,5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2,3 %, авионскиот превоз на патници за 1,6 %, информатичката опрема за 1,3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,8 %, цврстите горива за 0.5 %, мебелот за домаќинствата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, забележа пораст од 1,6 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2,9 %.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.