(ВИДЕО) Дачиќ на грчки му пееше на увце на Коѕијас

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, уште еднаш по којзнае кој пат ги покажа своите музички квалитети.

На свечената вечера во чест на неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, запеа и на грчки јазик, пренесуваат српските медиуми

Дачиќ го прими Коѕијас во Вила Мир, а на снимката на Блиц може да се слушне дека ја пее познатата грчка песна „Ми му тимонис матиа му“.

Коѕијас го замолил Дачиќ да му ја отпее и „Тамо далеко“, за кој рекол дека е најубавата песна на светот. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.