НБРМ: Цените во првиот квартал пораснале за 1,5 отсто

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

„Во однос на промените кај потрошувачките цени, расположливите податоци за март 2018 година покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво во првиот квартал од годината од 1,5 отсто, при раст на сите компоненти, а со најголем придонес на храната и базичната инфлација.

Досегашните остварувања на инфлацијата се пониски во однос на октомвриската проекција, но истовремено се направени нагорни корекции кај очекуваното движење на странската ефективна инфлација и на светските цени на нафтата и житните култури за 2018 година. Во вакви околности, ризиците во однос на проекцијата за 2018 година од 2 отсто се оценуваат како врамнотежени“, се вели во извештајот на Народна банка.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.