Кредитирањето на фирмите и понатаму се намалува, а се зголемува на домаќинствата

Податоците на Народна банка, заклучно со февруари, покажуваат закрепнување на депозитната база, по нејзиниот пад во првиот месец од годината.

„Растот на депозитите во овој месец, во голема мера, е последица на повисокото штедење на домаќинствата, но раст забележаа и корпоративните депозити. Мали позитивни поместувања на месечна основа во февруари се забележуваат и на кредитниот пазар, кои што, во услови на натамошен пад на кредитите на претпријатијата, во целост, произлегуваат од зголеменото кредитирање на домаќинствата.

Депозитните и кредитните текови во првите два месеца од 2018 година се малку послаби од очекуваните, но имајќи ги предвид подобрите остварувања на крајот на претходната година, нивото на депозити и кредити не отстапува значително од проекциите за првиот квартал“, се вели во извештајот на НБРМ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.