Дачиќ: Србија има разбирање за Грција, признавањето на Македонија под уставното име беше непромислен потег

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по денешната средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, осврнувајќи се на спорот за името, изјави дека директните разговори и барањето заеднички интереси се најделотворен начин за отстранување на проблемите „кои задираат во минатото, традицијата и историјата на регионот“, пренесуваат српските медиуми.

Рече дека Србија има разбирање за ставот на Грција и го повтори неговиот повеќепати искажан став дека признавањето на Македонија под уставното име бил „непромислен потег“ на Белград.

Според Дачиќ, однесувањето на Македонија кон Србија „не било адекватно“, посочувајќи го македонското признавање на независноста на Косово.  

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.