Девојка нападната среде бел ден во Карпош 4: Девојчиња внимавајте, полицијата ја нема никаде

Девојката Симона Станоевска од Карпош 4 била нападната од момче среде бел ден, пред да си влезе дома, а нејзиното искуство го пренесува на Фејсбук.

Таа ги предупредува девојчињата од оваа населба да внимаваат, но укажува и на неажурноста на полицијата.

Нејзиниот статус го пренесуваме во целост:

„Седам и 10 минути откако ме нападнаа среде бел ден пред влез, никој не ми се јавува во полиција. Седам и се чудам кај да се обратам зошто не дај Боже пострашно да беше, до кога треба да чекам за некој да крене и да си постапи по должност.

Ретко кој пријавува, а и предупредува, па решив барем некако да бидам од помош некому, на себе.

Сите што живеете во Карпош 4, девојчиња, најмногу за Вас го пишувам ова. Внимавајте многу и преку ден, а да не спомнувам навечер.

Истиот овој човек пред две години ме нападна. Висок е околу 165-170 см, потемна боја на кожа и црна коса, околу 30 години. Претпоставувам дека не е опасен по живот, бидејќи брзо се исплаши. Ако има фамилија, алал да им е на тие што го кријат наместо да го однесат во институција каде што му е местото.

А надлежните нема да ги коментирам, веќе две години еве не нашле начин да го решат, а мене повторно ќе ми биде страв да си дојдам дома“, вели Станоевска.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.