Љубе Бошковски влезе во Владата како советник на премиерот Заев за странски инвестиции

Љубе Бошковски ќе биде посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев. 

Како што потврдиле од Владата за МИА, Бошковски бил прворангиран од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите на објавениот конкурс. 

Фидан Колев ќе биде посебен советник за транспорт и врски. Тој бил единствен кој ги исполнувал условите на објавениот конкурс.

Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации ќе биде Рубин Земон, кој бил прворангиран од пријавените кои ги исполнуваат условите на конкурсот. 

Фатмир Битиќи е избран за посебен советник за спроведување на Рамковниот договор. Тој бил единствен којшто ги исполнувал условите на објавениот конкурс. 

Посебен советник за млади и спорт ќе биде Ѓорѓи Тасев, кој бил единствен којшто ги исполнува условите на објавениот конкурс.

МИА/Фото: СДСМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.