Најблискиот тим на Заев надмина 50 лица: Кој го советува премиерот?

Реална потреба од ангажирање советници или давање функција заради политички заслуги е дилемата која се поставува откако Кабинетот на премиерот Зоран Заев вработи уште пет посебни советници.

Со назначување на петорица посебни советници деновиве најблискиот тим на премиерот Зоран Заев се зголеми на 54 лица.

Имено, „еМагазин“ пишуваше дека Љубе Бошковски е нов посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот, Фидан Колев е посебен советник за транспорт и врски, посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации е Рубин Земон, а Фатмир Битиќи е избран за посебен советник за спроведување на Рамковниот договор. Посебен советник за млади и спорт е Ѓорѓи Тасев.

Пред нивното назначување во Кабинетот на премиерот беа ангажирани 49 лица меѓу кои и повеќе посебни советници за различни сектори.

Дане Талески е посебен советник за надворешни работи, Ленче Николовска е посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветанка Ласкова е посебен советник за култура, Љупка Цветкова е посебен советник за администрација, Драган Јованов е посебен советник за животна средина и просторно планирање, Бојан Маричиќ е посебен советник за евроатлански интеграции...

Детална листа на сите вработени во кабинтетот на Заев, ТУКА.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој го советува Заев во преговорите за името

Верушевски го советува Заев за 75 илјади денари

Александар Обрадовиќ му стана советник на Заев

Сите детали: Кој и за колку го советува Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!