(ВИДЕО) Во албанскиот Парламент, Еди Рама го гаѓаа со брашно и јајца

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија.

Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината.

По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.