Загриженост во ЕЦБ: Трговската војна закана врз стабилноста на европската економија?

Членовите на Советот на Европската централна банка, при својот мартовски состанок, дискутирале за опасноста од американскиот трговски протекционизам, како и за запирањето на програмата на директно инвестирање во европските берзи.

ЕЦБ купи акции вредни 2,55 трилиони евра во изминатите три години, што и помогна на ЕУ да избегне натамошно ескалирање на должничката криза која започна во Грција. Но, банката смета дека е потребно оваа програма да престане. Според објавените записи од средбата, раководството на главната монетарна институција на Еврозоната разгледувало дали трговската криза со САД и меѓу САД и Кина ќе се одрази штетно на плановите за запирање на програмта за купување акции.

Членовите на Советот процениле дека економијата на Еврозоната напредува солидно и дека индустриските капацитети работат со висок степен на искористеност, што значи дека и инфлацијата во Еврозоната наскоро ќе се зголеми.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.