Немал време: Коѕијас ја откажа прес конференцијата во Приштина

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој попладнево пристигна во прва официјална посета на Приштина, ја откажа прес конференцијата што требаше да ја одржат со неговиот домаќин,Беџет Пацоли.

Прашан за причините зошто вчера во Белград имал средба со новинарите, а во Приштина тоа не го прави,тој кусо одговори дека има многу побитни теми за разговор и оти нема време за конференција.

Грција е една од петте земји членки на ЕУ кои ја немаат признато независноста на Косово, но има „помек“ став и ги признава косовските пасоши.

Коѕијас вчера во Белград изјави дека неговата земја нема да го признае Косово и објасни дека трговската канцеларија на Косово во Атина нема да биде дипломатско претставништво.

Инаку првата средба тој ја имаше со Пацоли на која станало збор за економската соработка,зголемување на грчките инвестиции и трговската размена.

Пацоли искажал и надеж дека Грција ќе го поддржи Косово во зачленувањето во меѓународни организации, пред се УНЕСКО и Интерпол.

Коѕијас имаше средба и со претседателот Хашим Тачи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.