Американските медиуми тврдат дека САД ќе бомбардираат осум објекти во Сирија

812 Views Април 13, 2018 Свет Никола Осило

Можни цели на воздушните напади ќе бидат два сириски воени аеродромa, истражувачки центар и претпријатие во кое се произведува хемиско оружје, објави телевизијата Си-Ен-Би-Си.

Американскиот ТВ канал цитирал владин извор кој не одговорил каде имено се наоѓаат тие објекти.

„Сириската армија дислоцирала значаен број авиони на аеродроми контролирани од Русија со надеж дека Вашингтон нема да нанесе удар по тие локации“, укажал изворот.

Американскиот претседател Доналд Трамп завчера порача дека Русија треба да се подготви за американски ракетен напад на Сирија.

„Не треба да се соработува со животно кое убива со гас, кое убива свои граѓани и ужива во тоа“, напиша Трамп на Твитер алудирајќи на сирискиот претседател Башар Асад.

Фото: difesaonline.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!