(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Македонија згрозена: Соученички брутално претепаа девојче во Неготино

Снимка на која се гледа како соученички брутално тепаат девојче во Неготино, која заврши на интернет, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца. 

Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки.

- Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.

Директорот откри дека децата што тепаат биле  всушност проблематични и за нив и претходно имало изречени мерки. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Бруталното претепување на девојчето од нејзините соученички во Неготино треба да не замисли сите

Девојчето од Неготино брутално претепано и понижено поради банална причина

„Меѓаши“: Застрашува неконтролираната агресија од страна на децата врз свои соученици

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.