Бруталното претепување на девојчето од нејзините соученички во Неготино треба да не замисли сите

Две девојчиња тепаат друго девојче со кое учат во истото училиште. Куп други деца го гледаат тоа, навиваат и снимаат со мобилните телефони. Едно од девојчињата го влече по земја за коса другото девојче.

Не, оваа не е сцена од глуп американски филм, туку вистинска случка која се случила деновиве во Македонија, поточно во Неготино, и за која дознаваме благодарение на видео кое заврши на интернет, а кое поради бруталноста беше избришано од Јутјуб.

А за колку други вакви ситуации не сме дознале можеме само да претпоставуваме. Поради сиромаштија, верска или различна сексуална определба или едноставно поради тоа што се различни од другите, многу деца во Македонија речиси секојдневно се мета на физичко или вербално насилство.

Или по модерно се жртви на булинг.

Последната случка го активира алармот дека сите треба сериозно да размислиме што се случува со нашите деца.

Прво родителите да се прашат што прават нивните деца во училиште, на улица, во парк... Дете не е само да се роди. Ако не сте способни да бидете вистински родители не Ви требаат деца.

Второ, добро е што за овој случај навреме реагираа од надлежните институции, но учесниците во овој немил настан не треба да поминат само со педагошки мерки. Добро е и што ќе се разговара и со родителите, но и тоа нема да биде доволно. Кој гарантира дека пак нема да го направат истото.

Надлежните институции, професорите, учителите, сериозно треба да работат на спречување на вакви и слични ситуации во идина. Ако не знаат како има многу примери во други земји.

И трето, но не и најневажно. Медиумите во Македонија имаат голем придонес во погрешниот развој на децата.

И телевизиите со глупите и со никакви вредности риалити шоуа и порталите кои секојдневно пренесуваат тотално погрешни и непотребни информации кои на децата им даваат погрешна слика и им продаваат лажни вредности.

Ако сериозно не реагираме сите заедно последиците ќе бидат поразителни, зошто одамна веќе е доцна.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Девојчето од Неготино брутално претепано и понижено поради банална причина

„Меѓаши“: Застрашува неконтролираната агресија од страна на децата врз свои соученици

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Македонија згрозена: Соученички брутално претепаа девојче во Неготино

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.