На кој верува Македонија за случувањата во Сирија, на Американците или Русите

Русија, Иран, Сирија и неколку други земји велат дека наводниот напад со хемиско оружје во Сирија е лажиран, и тврдат дека за тоа имаат сериозни докази.

Од друга страна пак САД, Велика Британија, Франција и други западни земји го тврдат спротивното и затоа донеле одлука да се нападне Сирија.

Во недостатог на независна трета страна во приказната која е црно-бела, видни светски експерти од типот на генерал Џонатан Шо, кој е поранешен командант на британските вооружени сили, го поставуваат прашањето која е логиката режимот во Сирија да употребува хемиско оружје кога веќе ја доби војната, и зошто тоа би го правел сега и непотребно би го земал на грб бесот на меѓународната заедница.

Слични елементи има и приказната која предходеше на наводниот напад со хемиско оружје, таа со двојниот руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, кои беа отруени со нервен гас.

И овде аргуементите на двете страни се тотално спротивни, а за „чудо“ и Скрипал и ќерка му преживее, иако се тврдеше дека се отруени со најопасниот нервен гас во светот.

Британските власти тврдеа дека гасот е дефинитивно направен во Русија, за да после независни научници констатираат дека неможе да утврди потеклото и дека се работи за гас кој има широко потекло. Швајцарска лабароторија пак утврди дека гасот најверојатно потекнува од Запад.

Кој е во право најверојатно ќе дознаеме подоцна, како што беше случајот со Либија или Ирак, каде беа срушени Гадафи и Хусеин, за сосема други причини од тие што и беа „продавани“ на меѓународната јавност.

Едноставно нели треба да се следат парите и бизнис интересите на светските сили.

За да Ви станат појасни работите во Сирија во прилог еден интересен графикон кој “кружи„ на социјалните мрежи:

НА КОЈ ВЕРУВА МАКЕДОНИЈА

Иако истрагата за труењето на Скрипал се уште трае, Македонија во овој случај зазеде страна и одлучи да протера руски дипломат од земјава, што е преседан во руско-македонските односи.

За разлика од нас многу земји во регионов, како Словенија или Бугарија, рекоа дека пред да донесат одлука ќе почекат да го видат исходот од истрагата.

За наводниот напад со хемиско оружје во Сирија, земјава се уште нема толку јасен став, но ако се анализираат вчерашните изјави на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, повеќе од јасно е на чија страна сме.

„Ние веруваме дека мир во светот е возможен и стабилен свет е возможен само ако ги почитуваме глобалните правила. Едно од тие глобални правила со консензус прифатени во светот е забраната за користење на хемиското оружје. Употребата на хемиското оружје во Сирија утре може да значи употреба на хемиско оружје секаде. Нашиот став беше јасен, принципиелен и дел од нашите стратешки определби“, рече Шекеринска на вчерашниот брифинг со новинарите.

Фото: АП

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.