(Фото) Заев со мотор на именден во Крушево

Премиерот Зоран Заев, со мотор отишол на именден кај градоначалникот на Круешево, Томе Христоски, напиша на својот Фејсбук профил Христоски.

Заев како што е познато е голем љубител на мотори, а со Христоски го посетиле и гробот на Тоше Проески.

„Денеска во Крушево е во посета премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев. Го посетивме вечното почивалиште на Тоше Проески, а ми беше чест и задоволство што присуствуваше и на мојот именден како гостин.

Неговата посета за мојот именден беше сосема случајна. Премиерот беше дојден во приватна режија и сега на шега велам дека во иднина ќе треба и кај други градоначалници да оди на именден, да не ми замерат моите колеги градоначалници“, пишува Христоски.





Христоски и Заев неодамна се сретна и во Владата заедно со спортската легенда Бојан Крижај, кој пројавил интерес да инвестира во Крушево.

Фото: Томе Христоски/Фејсбук

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Сака да инвестира во Крушево: Спортската легенда Бојан Крижај на гости кај Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.