(ВИДЕО) Градски автобус во Солун удри во кафуле

Градски автобус рано изутрина удри во кафуле во Солун, а среќна околност е што кафулето не работело, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Автобусот удрил во кафулето, откако претходно се судрил со автомобил.

Во несреќата се повредени три лица кои биле во автомобилот и шоферот на автобусот, а возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата оставајќи ги повредените.

Порталот Metrosport објави видео од моментот на ударот:

Видео: Metrosport.gr/Фото: thestival.gr

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.