Чив мотор возеше Заев?

Премиерот Зоран Заев во својот анкетен лист нема наведено дека поседува мотор.

Според неговиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата, тој на свое име не поседува ниту автомобил.

Па се поставува прашањето чив мотор возеше премиерот вчера од Струмица до Крушево.

Заев не го гледаме за прв пат на мотор.

Општо позната е неговата пасија за мотори, а бил дел и од мото рели трки. Па е нелогично толку голем љубител на мотори да не има свој мотор.

По вчерашната информација дека Заев во Крушево стигнал со мотор, на социјалните мрежи имаше и реакции од типот колку е безбедно еден премиер да вози мотор.

Фото: Фејсбук/Зоран Заев

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Заев вчера го возел моторот на семејната фирма Тотал инжинеринг

(Фото) Заев со мотор на именден во Крушево 

Премиерот Заев не кажува каков имот има брат му, Вице

Трет премиер по ред без куќа: Објавен премиерскиот анкетен лист на Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.