„Како од филмовите“: Луксузни куќи на продажба и за издавање во Скопје

1530 Views Април 16, 2018 Наша тема Никола Осило

Во повеќе скопски населби на продажба или на издавање се нудат прекрасни куќи кои наликуваат на оние од холивудските филмови. Цените за издавање се движат од 3.500 евра нагоре месечно, а обично цената на продажба се одредува по договор иако не е тајна дека тие понекогаш надминуваат милион евра.

Во оглас на агенцијата „Асторија“ се издава или продава прекрасна-резиденцијална куќа со површина од 400 м2 на едно ниво(приземје) со надворешен базен и со комплетно уреден двор од 3200м2..

Објектот се наоѓа во Злокуќани во близина на комплексот Св.Јован. Цена за изјамување 3.500 евра месечно со договор мин. за 1 година, цена за продажба по договор.

„Асторија “ продава и имот на 3.000 квадрати на најубавата локација на главниот пат во Сопиште на 1.600м над.височина.

Се продава и луксузно опремена куќа во најелитниот дел на Водно во близина на Амриканската Резиденција и во непосредна близина на Претседателската Вила.

Куќата има прекрасно уреден двор со базен. Цена по договор.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!