(Фото) Кога ќе решите да си го проширите просторот и ќе ја забетонирате парцелата со трева со се дрвото

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека сопственик на локал во Тафталиџе 1, поточно на улица Дрезденска спроти Педагошка академија, забетонирал цела тревна површина со се дрвото.

„Сoпственикoт или зaкупникoт нa лoкaлoт oд левo решил дa се прoшири и дa јa зaбетoнирa пaрцелaтa сo тревa. Не знaм дaли дoбил дoзвoлa oд oпштинaтa или рaбoтел нa свoјa рaкa, aмa oвa не смее дa биде вaкa. Oвa е тoтaлнo гaзење нa секoј принцип и прaвилo“, се вели во реакцијата во Фејсбук групата Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош.

Граѓаните за овој случај ја повикаа да реагира Општина Карпош како и градоначалникот Стефан Богоев.

Извор и фото/ Фејсбук група Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.