(Фото/Видео) Најлуксузниот крузер во светот го започна своето прво патување низ Медитеранот

„Морска симфонија“ чија изгрдаба траеше цели три години, го започна својот пат низ Медитеранот. На првото патување најголемиот крузер на светот тргна од Барселона.

Сопственик на пловилото е „Ројал Карибијан“, а како што објави СеЕнЕн травел, најголемиот крузер во светот е долг повеќе од 362 метри, а може да прими околу 6.680 гости и 2.200 работици на бродот, или вкупно 9.000 луѓе.

Крузерот имма 22 ресторани, 24 базени и 2.759 кабини.

Овој брод нуди низа возбудливи услуги, меѓу кои се лавиринт од кој треба да се излезе, симулации на сурфање, но круна на се е ултимативниот амбис - највисокиот тобоган некогаш направен на крузер, кој се наоѓа на скоро 46 метри над нивото на морето.

Спуштањето од врвот на тој тобоган до дното трае 13,14 секунди.

На бродот има и музички и танц уметници кои своите настапи им ги пружаат на присутните како дополнително уживање.

Оваа година, бродот кој своето прво патување го почна од Барселона, ќе патува до Палма де Мајорка, италијанските Фиренца, Пиза, Рим и Наполи, а на есен ќе доплови до Мајами на Флорида по што ќе го започне крстарењето на Карибите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.