Се најавуваа стотици: Во слободните зони низ земјава работат само 18 странски инвеститори

Во изминатите седум години во слободните зони бизнис отвориле само 18 странски компании.

Во 2011 година во Бунарџик почна со работа првата странска компанија, таа на Џосон Контролс, а од вкупно 15 слободни зони низ земјава инвестициите најмногу се сконцентрани во зоните во Скопје, Штип и Прилеп.

Кои се странските инвеститори кои што имаат фабрики во Македонија:

Прва странска инвестиција беше таа на Џонсон Контролс во 2011 година, а следната година производствен погон во Бунарџик отвори Џонсон Мети.

Во листата на корисници на зони се: Ки Сејфти Системс, Корпорација Леар, Ван Хол. Костал, ОДВ Електрик, Кемет, Вистеон Корпорејшн, Гентерм, Кап-Кон Аутомотив Технолоџис, Дијатек, Техникал Текстајл, Витило Групација, Кондево, Акомпласт, Делфај и Гес.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.