Кој ќе ги наполни резервите: Дирекцијата за нафтени резерви купува Еуродизел за 5,6 милиони евра

Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) за задолжителните резерви на Република Македонија.

Според објавата набавката е со вкупно проценета вредност од 347.457.627 денари или вкупно 5,6 милиони евра без ДДВ.

Се работи за 10.260.600 литри Еуродизел.

Целата набавка може да ја видите ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.