Цената на патарините нема да се зголеми

Цената на патарината на автопатите низ Македонија ќе остане иста во претстојната летна сезона, изјави при минатонеделната посета на Белград, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, пренесуваат српските медиуми.

Во моментов од Србија кон Грција се плаќа околу едно ипол евро на три патарини, а Сугаревски информирал дека за 15 дена ќе биде отворена за сообраќај и последната делница  на автопатот низ Македонија дел од Коридорот 10, а тоа е Демир Капија-Смоквица долга 28 километри. 

Како што вчера информираше директорот на Агенцијата за патишта, Зоран Китанов на оваа автопатска делница предвидени се две патарини, една кај Гевгелија, другата кај Демир Капија.

Патарините се во фаза на изградба, а се очекува да бидат готови за осум до десет месеци.

Тоа значи дека до крајот на годината на новиот автопат ќе се вози без да се плати патарина.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.